Во денешната изјава за ТВ21, Скендер Реџепи – Зејди истакна дека својот потпис го дал затоа што знаел дека дел од новото мнозинство ќе биде ЛДП, а не Левица.
„Договорот требаше да го потпишат ЛДП, Беса, ВМРО и ние. Во духот на ова се согласив да го дадам потписот. Секој потпис каде злобната ДУИ за Албанците треба да се отстрани, но не по секоја цена. Дури и ставот на Алтернативата отсекогаш бил таков што не се осмелуваме да се идентификуваме со политички субјект кој е антиалбански со сите елементи. Не дозволувам во мојот живот да го валкам мојот семеен идентитет за ниедна цена“, посочи Реџепи.
За оваа изјава, но и за тоа дали имало разговори со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ТВ21 побара одговор од претседателот на ЛДП, Горан Милевски.
Тој вели дека потписи на ЛДП нема на списокот, а нема ни да има.
„Потписи на ЛДП нема на списокот, нема ни да ги има. Јас не можам да коменирам за се што се зборува“, истакна Милевски за ТВ21.