Реџепи: Физички не спијам мирно, но духовно да!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

На прашање на модераторот дали спие мирно после не појавувањето на собраниската седница на која требаше да се гласа недоверба на Влада, Реџепи посочи дека физички не спие мирно, но духовно да.

„Физички не, не спијам мирно. Но, духовно да. Мирна ми е душата. Знам какви ми се убедувањата и знам каква одлука донесов. Затоа спијам мирно. Имав и имам сериозни закани, но не им се плашам. Оваа држава мора да оди напред!“, порача Реџепи.