Реџепи: Има разлика помеѓу Мицкоски и Груевски, Мицкоски е подобар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скендер Реџепи – Зејди вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека има разлика меѓу поранешниот и актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

Тој вели дека Мицкоски е подобар, а додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ се менува.

„Се менува на подобро. Има разлика од ВМРО на Груевски. Треба уште време да биде целосно реформирана партија. Соработката со нив ни изгуби 27.000 гласови и за тоа треба да се побара одговорност во партија“, додаде Реџепи.