Реџепи: Ќе гласам да падне Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, денеска пред да влезе во Собранието истакна дека ќе гласа за да падне Владата, но нема да биде дел од Влада која е антиалбанска и против Европската унија.

„Јас сум опозиција, секако дека ќе гласам да падне Владата“, рече Реџепи.