Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува пратеникот Кастриот Реџепи со кого разговаравме околу владината коалиција.
Н: Зошто Беса излезе од Владината коалиција?
Кастриот Реџепи: Не е излезена од оваа коалиција, кој го кажа тоа?
Н: Како не е излезена, сакаа да гласаат против Владата. Министрите дадоа оставки.
„Добро де, но нема партиска одлука за тоа. Тоа се одлуки на поединци. Нема партиска одлука за тоа. Партиските тела не заседаваа деновиве. Сепак сметам дека неколку луѓе во партијата донесоа брзи одлуки. Треба да почекаат. Видете, со Касами имам супер соработка. Ние сме одлични пријатели. Јас му се јавив во саботата и му кажав се што требаше да му кажам. Тој е разумен човек. Така да, кој вели дека Беса не е дел од актуелното владино мнозинство?“, порача Кастриот Реџепи.
