Пратеникот Кастриот Реџепи денеска на прес конференција посочи дека првично размислувал да дојде на седницата за гласање недоверба на Владата и да гласа против, но откако видел дека владејачкото мнозинство нема да биде присутно сфатил дека ќе биде цел на вербално, па дури и физичко насилство.
„Јас не бев сигурен за мојата безбедност и интегритет, дека нема да бев цел на вербални напади, а да не зборувам и на физички“, рече Реџепи.
Претходно, тој истакна дека самоволно се засолнил со цел да не дозволи земјата да отиде во правец кој е спротивен според него.
Иначе, Реџепи не се појави на седницата на која требаше да се гласа недоверба на Владата, и со тоа овозможи опозициските пратеници да немаат кворум.
