Ние сме де факто држава со висока задолженост и редно време е владата да го ублажи шокот што го трпи македонскиот граѓанин. Ова во 10 минути на ТВ 21 го изјави универзитетскиот професор Никола Поповски. Пандемијата од Ковид 19, рече Поповски ни ги покажува слабостите во македонската економија која според него има големи технолошки слабости.
„Јас лично мислам дека не треба да се поставува прашањето дали економијата ќе трпи или можеме да ја покренеме напред туку шокот што го доживува да се ублажи најмногу што може и да се изврши преструктуирање во т.н постпандемиска економија да се снајдеме подобро во новите услови во светот“, посочи Никола Поповски.
Универзитетскиот професор вели дека владата премногу ги има намалено економските мерки.
„Моето лично мислење е дека сме дојдени до опасната граница,во моментов е 59.5 еве да заокружиме 60 проценти на јавниот долг тоа е точно границата во светот каде економиите економиите преминуват од умерена во висока задолженост“, додаде Никола Поповски.
Наспроти Поповски, вчера министерот за економија Крешник Бектеши одговори дека ова не е најцрното сценарио за македонската економија
„Согласно информациите кои јас како министер ги имам се движиме во првото сценарио кое и не е најцрно сценарио што се однесува до приходите на државата. Ние не застануваме тука веќе се реализираат сите мерки од првите три сета економски. Во моментов се работи и на нов четврт економски сет“, посочи Крешник Бектеши.
Универзитетскиот професор сугерира владата да ја врати акцизата за горивата во првобитното ниво бидејќи според него нема оправданост за зголемување на истата. Пандемијата,вели Поповски освен што ни ги покажува сегашните слабости, ја реконструира економијата и отвора перспективи додава Поповски.
