РЕДОК МОДЕЛ: Ова е часовникот кој Роналдо го носеше на потпишувањето на договорот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кристијано Роналдо потпиша договор со Ал Наср, фудбалски клуб од Саудиска Арабија, во кој се приклучува за 200 милиони евра годишно од платата и комерцијалниот дел од договорот.

При потпишувањето на договорот многумина го забележаа скапиот часовник на неговата рака.

Роналдо на прес-конференцијата и чинот на потпишување на договорот пристигна во костум и бел дрес, под кој се гледаше часовник.

Станува збор за моделот Rolex Cosmograph Daytona „Arabic“, изработен од платина и украсен со дијаманти.

Еден од најретките модели на Rolex се продава исклучиво во продавниците на Блискиот Исток, а неговата цена се движи од 160.000 до повеќе од 420.000 евра.