Реисот Сулејман Реџепи го прогласи вирусот Ковид-19 за мртов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поглаварот на исламската верска заедница на Македонија, реисот Сулејман Реџепи денеска пред џамијата на Мустафа Паша во Скопје го честиташе празникот Фитер Бајрам и порача дека вирусот Ковид-19 е мртов.

„Очекуваме во наредниот период секогаш лошото да го победуваме и да знаете дека Ковид-19 може слободно да го прогласам дека е умрен од денеска со оглед на тоа дека го победивме и заради тоа сме тука“, посочи тој.