Премиерот Мицкоски повтори дека реконструкција на Владата ќе има во мај или во јуни без притоа да посочи кои конкретни ресори би можеле да претрпат измени. Тој рече дека најпрво ќе има внатрепартиското реструктуирање во ВМРО-ДПМНЕ, па дури потоа ќе следи одлуката за тоа кој ќе биде реконструиран.
„До крај на април ќе ја затвориме внатрешната структура евентаулно почеток на мај и потоа мај – јуни ќе се посветиме на меѓукоалициските договори, на кадровските поместувања, освежувања, институционални рокади и така натаму, промена на портфолија евентуални, промена на евентуални институции и така натаму“, рече Мицкоски.
