Во последните 24 часа во Полска се регистрирани нови 5.300 случаи на коронавирус, со што ова претставува рекорд од почетокот на епидемијата.
Затоа полските власти наредија нови рестриктивни мерки, меѓу кои се задолжително носење на заштитни маски.
Досега во Полска се потврдени вкупно 121.638 случаи на Ковид-19 и 2.972 смртни случаи.
