Рекорд за Гинис: Држел „планк“ девет и пол часа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

28-годишниот Даниел Скали на 6. август го обори новиот светски рекорд во држење на „планк“ и така влезе во Гинисовата книга на рекорди. Во таа позиција „планк“ седел цели девет часа, 30 минути и една секунда.

Скали првиот планк го направил во 2020 година. Издржал две минути. Наскоро успеал да дојде до 15, а на почетокот 2021 си дал себе си предизвик – да го сруши светскиот рекорд кој траел 8 часа и 15 минути.

Скали живее во Австралија, а со тренинзи почнал на 28. јануари 2021. Покрај својата работа, тренирал 7 часа дневно. Станувал во 5 часот наутро, па минувал 50 минутен групен фитнес тренинг, после што би истрчал 4 километри. Во текот на пауза за ручек одел во теретана, а потоа тренирал планк од 17:30 до 22:30.

Во рок од четири месеци се обидел да го сруши рекордот, но бил дисквалификуван поради неправилна техника, но не се откажал.

„Имав јасна цел, и бев посветен да ја остварам. После четири часа се запрашав како ќе издржам уште пет часа. Се сеќавам дека се гледав под себе и визуализирав девет часа на часовникот, и така одново“, вели тој.

Во текот на светскиот рекорд четири пати повратил. Енергијата ја одржувал со тоа што јадел банани и се хидритирал со електролити.