„Реми“ на Лајпциг и Манчестер сити, Лукаку е херојот на Интер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ред Бул Лајпциг и Манчестер сити одиграа без победник 1-1 во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ беа далеку подобар противник во првиот дел и домаќинот мораше да биде среќен што со само минимална негатива го почна второто полувреме на „Ред бул“ арената. Водство за избраниците на Пеп Гвардиола донесе Ријад Марез со убав погодок во 27. минута од натпреварот.

Во вториот дел домашниот состав заигра далеку подобро, а одличната игра ја материјализираше со погодокот на хрватскиот интернационалец Јошко Гвардиол во 70. минута кој израмни на 1-1.

Во вториот натпревар од вечерашната понуда на „Џузепе Меаца“ Интер го совлада Порто со 1-0. Иако домаќините беа подобар противник не успеаја да го начнат голот на Португалците се додека не останаа со играч повеќе. Гостите останаа со играч помалку откако втор жолт картон доби Отавио во 78. минута по еден старт над Хакан Чалханоглу. Победа за „нероаѕурите“ донесе Ромелу Лукаку кој влезе во второто полувреме, а триумф од 1-0 донесе во 86. минута.