Репрезентативец не верува во квалитетите на Манчини: „Тој не е тренер“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кога Роберто Манчини ја превзеде Италија, националниот тим немаше обезбедено учество на Мундијалот 2018 година. Го превзеде во лоша атмосфера, со лоша серија на резултати, ама успеа да се закити со златото на ЕУРО 2020.

Манчини секаде каде и да отидеше имаше и титула на клупски план, освен во Зенит. А, токму критиките доаѓаат од играчот на оваа екипа, Артем Ѕјуба.

„Тој не е тренер. Можеби бизнисмен, дипломат…“, рече Ѕјуба во едно интервју по заминувањето на Манчини од Зенит.

Ова робусниот голгетер го кажа поради тоа што Манчини го „отпиша“ од тимот на Зенит. Италијанецот сметал дека ќе влијае лошо на екипата, па го испратил на позајмица, нешто за кое не се согласуваа навивачите.

„Ми кажа дека сум правел раздор во екипата, и сум го опуштал Кокорин. Не знаев навистина што значеше тоа“, рече Ѕјуба.

Ѕјуба играше и против Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, кога промаши пенал во Санкт Петербург, а потоа замина на позајмица. Меѓутоа по заминувањето на Манчини, тој се врати во Зенит, каде што е дел и денеска.

На прашање дали и натаму го дели тоа мислење, Ѕјуба одговорил потврдно.