Репрезентативецот Николов направи трансфер во италијанскиот Лече

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов, е нов играч на Лече. Фудбалерот од средниот ред досега играше во Мол Фехервар во Унгарија, а претходно беше дел од Вардар и од Академија Хаџи.

Во Лече Николов ќе му се приклучи на Леонард Жута, екс македонскиот репрезентативец кој веќе шест месеци настапува во овој тим.

Николов со Лече потпиша договор на една година, со можност да продолжи на дополнителни три. Лече моментално игра во Серија „Б“, но се бори да влезе во „елитата“.

За сениорскиот национален тим, фудбалерот на Лече има 29 настапи.