Нема да има рестрицкии на струјата како во соседните земји, уверува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за државната агенција МИА.
„Ќе обезбедиме доволно елкетрична енергија и од јануари и натаму тоа значи дека нивниот секојдневен живот и потребите за електринчна енергија нема да да се загрозат, тоа значи дека нема да има рестрикции, тоа можам да го гарантирам.“, рече Битиќи.
Владата енеретската криза ќе ја ублажува преку мерки и обезбедување на доволно производство на електрична енергија по цена која на крај Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи колкаво ќе биде зголемувањето.
„Цената која сите ние ќе ја платиме во наредниот период бидејќи се залагаме за зелена енергија, за зелена агенда, тоа значи поздрава животна средина, поквалитетен живот, за секој еден од нас, ќе треба да ја платиме во наредните години. И полека треба да се научиме дека тоа оди напоредно.“, вели Битиќи.
Вицепремиерот вели дека доколку сакаме да живееме во подобра животна средина, мора и малку повеќе да плаќаме струја. Но поскапувањето вели дека нема да биде толкаво, како што се сее страв.
„Знам дека како Влада се што беше во наша моќ да се осгура за да поскапувањето евентуално од 1-ви јануари не биде големо како што некои навестуваат, а јас гарантирам дека нема да биде како што некој сака да сеат страв меѓу граѓаните што ќе се случува.“, рече Битиќи.
За помалку од недела дена, Регулаторната комисија треба да ја објави новата цена на струјата, за која и претходно Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека нема да биде поголемо од 10%.
Од Владата уверуваат дека од 1-ви јануари ќе има струја без рестрикции по цена која ќе биде најевтина во регионот, паралелно продолжувајќи со инвестиции во обновливи извори на енергија.
