Рецепт: Бисквити со парчиња чоколадо

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Чоколаден десерт за брзо подготвување.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 400 гр меко брашно
  • 150 гр шеќер
  • ванилин шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • малку сол
  • 250 гр путер
  • 200 гр црно чоколадо

Подготовка:

Исечете го чоколадото на коцки, но не премногу мало.

Се топи 250 гр путер.

Измешајте путер и јајца, добро изматете.

Потоа измешајте шеќер, брашно, ванилин шеќер, сол, сода бикарбона, и сè убаво измешајте со смесата од јајца и путер. На крај, промешајте ги коцките од чоколадо.

Ставете хартија за печење на плех за печење и оформете ги топчињата, а потоа малку притиснете ги со рака.

Печете во рерна на 200 степени додека не заврши.

Добар апетит!