РЕЦЕПТ: Чоколадна торта која не се пече

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Она што го сака секоја домаќинка е да направи вкусна торта без многу напор и труд. Па, ова е идеален рецепт бидејќи не се пече, само ги комбинирате состојките и ладите во фрижидер. Најчесто ги имате повеќето намирници дома, така што има големи шанси да не мора да одите во продавница

Состојки:

  • 500 гр бисквити
  • 150 гр печени ореви
  • 150 гр шеќер
  • 150 гр путер
  • 50 гр какао во прав
  • 240 мл вода / кафе

За фил:

  • 120 гр чоколадо
  • 120 мл слатка павлака

Подготовка:

Искршете го бисквитот на мали парчиња, а потоа ставете го во сад, па додајте ги мелените ореви.

Во друга тава измешајте шеќер, путер, какао во прав и вода / кафе. Кога ќе започне да врие, оставете го на рингла уште 5 минути и постојано мешајте.

Во смесата додадете ги бисквитите и ореви и добро измешајте.

Истурете во калал, а потоа ставете го во фрижидер.

Растопете ги чоколадото и слатката павлака и прелијте ја тортата, а потоа пак вратете ја во фрижидер на 2-3 часа.