РЕЦЕПТ: Чоколадно уживање со рум

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уживање во чаша.

Состојки:

– 80 гр интегрален бисквит

– 50 гр темно чоколадо

– 2 лажици рум

– 1 лажица слатка павлака

– 1 чоколаден пудинг

– 2 лажици шеќер

– 500 мл млеко

И повеќе…

– 200 мл слатка павлака

Подготовка:

Скршете го интегралниот бисквит и распоредете го во чаши за сервирање.

Чоколадото растопете го на пареа и измешајте ги со румот и слатката павлака. Со подготвеното чоколадо прелијте ги бисквитите.

Прашокот за пудинг измешајте го со шеќер и шест лажици млеко. Сварете го преостанатото млеко и со мешање додадете го подготвениот пудинг.

Гответе до две минути и прелијте ги бисквитите во чаша, а потоа изладете.

Изматете ја слатката павлака во тврд шлаг.

Намачкајте го изладениот пудинг со шлагот и послужете го украсено со овошје, посипано со мелени или сечкани ореви или рендано чоколадо.