Освежително задоволство на кое не можат да одолеат ниту постарите, ниту помладите.
Состојки:
- 400 мл слатка павлака
- малку сол
- 2 јајца
- 150 гр шеќер
- 450 гр сецкани јагоди
- половина лажица сок од лимон
Подготовка:
- Слатката павлака и солта измешајте ги во тенџере и оставете ги да зовријат, а потоа тргнете ги од оган.
- Во посебен сад изматете ги јајцата со половина од шеќерот, и додадете ја слатката павлака – полека истурајте и мешајте постојано.
- Вратете ги во тавата и варете на тивок оган, не дозволувајте да зоврие.
- Мешајте се додека смесата не се згусне.
- Тргнете од оган и оставете на собна температура да се олади најмалку 2 часа, со повремено мешање
- Додека филот се лади, изматете ги јагодите со преостанатиот шеќер и сокот од лимон во блендер додека не се изедначат.
- Оваа смеса ставете ја во направениот фил и добро измешајте.
- Сервирајте во чинии и оставете ги да се замрзнат во фрижидер.