Рецепт: Крем супа од компир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Познатата крем супа од компир која се подготвува за само 20 минути.

Може да ја послужите како предјадење, но дава чувство на ситост, па затоа може да се послужи и како главно јадење.

Потребни состојки:

  • 1,3 кг. компит
  • 1 кромид
  • 3 средни моркови
  • 2 целера
  • 800 мл. пилешка супа
  • 600 мл. млеко
  • 80 гр. путер
  • 40 гр. брашно
  • сол
  • бибер

Подготовка:

  • Измијте ги и излупете ги компирите, а потоа исецкајте ги на коцки.
  • Ситно исецкајте го кромидот, целерот и морковот.
  • Кромидот и морковот кратко се динсаат, а потоа се додаваат компирите и целерот како и солта и биберот. Додадете ја супата и варете околу 20 минути.
  • Во меѓувреме, стопете го путерот во тава, додадете го брашното, па додадете млеко. Тргнете го од оган кога ќе почне да се згуснува.
  • Кога компирот ќе омекне, измешајте ги со подготвениот сос. Кратко загрејте и промешајте.

Пријатен апетит!