Рецепт: Пилешко во сос од печурки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ви претставуваме рецепт за вкусно пилешко во сос од печурки.

Состојки:

  • 500 грама пилешко
  • 300 грама печурки
  • еден кромид
  • две чешниња лук
  • путер
  • брашно
  • 250 милилитри пилешка супа од коцка
  • 100 милилитри млеко
  • 3-4 лажици сенф
  • маслиново масло
  • сол и бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Пилешкото исечкајте го на потенки парчиња. Во тава растопете две лажици путер, додадете исечен лук, а потоа и две лажици брашно.

Со постојано мешање, додадете ги супата и млекото, и оставете го сосот да зоврие. Тргнете го од оган и промешајте го сенфот.

Во посебна тава загрејте го маслиновото масло и испржете го исечканиот кромид и шампињоните. По пет минути, додадете го испрженото во сосот, и во истата тава испржете го пилешкото (претходно ставете го во брашно зачинето со сол и бибер) по две минути од секоја страна.

Наредете го пилешкото во сад за печење, прелијте го сосот, промешајте и печете 30 минути.

Овој ручек можете да го послужете со ориз или компири.