РЕЦЕПТ: Пивски леб

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Леб со пиво, мек и многу вкусен.

Состојки:

(за 8 лица)

  • 500 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1 кафена лажичка сол
  • 30 гр шеќер
  • 280 мл пиво
  • 2 јајца

Подготовка:

Брашното, прашокот за пециво, солта и шеќерот добро измешајте ги.

Додадете пиво, јајца и замесете тесто.

Обликувајте го во леб и ставете го во подмачкан плех со димензии 30 × 10 сантиметри.

Тестото се пече на 180 степени околу еден час.

Извадете го печениот леб и изладете.