Рецепт: Совршено меки и вкусни палачинки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска ви носиме рецепт за совршено меки и вкусни палачинки.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 150 гр брашно
  • 1/3 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 чаша врела вода
  • 1 чаша кисело млеко
  • 1/3 лажичка сол
  • 1 лажица шекер
  • 1 лажица масло

Подготовка:

Јајцата добро ги разматувате, па покрај непрекинато матење додавајте кисело млеко, масло, сол, шеќер и брашно. Треба да добиете глатка смеса.

Потоа, исто со непрекинато матење додавајте и сода бикарбона претходно растворена во врела вода.

Смесата сега треба да биде со средна густина.

Оставете да отстои пет минути, па почнете да печете палачинки на загреана тава со нелепливо дно, на која малку сте додале масло или путер.

Кога на едната страна од палачинката ќе излезат ситни меурчиња, веќе е време да ја свртите на другата страна.