После пандемијата, многумина станаа посвесни за важноста на здравјето, особено кога станува збор за заштита од настинки и грип.
Како што опаѓаат температурите, сè повеќе се настинуваме и бараме брзи решенија и лекови за да останеме здрави.
Затоа, не е изненадување што рецептот за корејскиот деликатес стана вирален на TikTok. Џони Кјунгво Шелдрик го сподели и вели дека тоа е вкусен додаток на топлите пијалоци, како и медицинско чудо.
Инфлуенсер од Јужна Кореја откри дека за подготовка ви се потребни три лимони и малку шеќер. Лимоните прво добро ги измил и исушил, а потоа ги преполовил. Потоа овошјето го исекол на што потенки парчиња, ги префрлил во сад и ги посипал со кафеав и бел шеќер. Убаво ја измеша смесата, па ја префрли во шолја и ја посипува со уште малку бел шеќер и ја остави да отстои преку ноќ.
Во коментарите советува смесата да ја чувате во фрижидер, во добро затворен сад и да ја додадете во омилениот чај.
„Тоа навистина ги отвора синусите“, вели инфлуенсерот.
@johnnykyunghwo This one is a great one for over winter whenever you start to feel any sniffles coming along 😪🤒 #food #foodtok #tiktokfood #cheong #lemon ♬ original sound – Johnny 경후 Sheldrick
Дали овој напиток навистина може да помогне во борбата против грипот и настинката?
Името на овој додаток е чеонг. Во 2016 година, јужнокорејскиот MBC објави статија во која ги пофали неговите лековити својства. Осврнувајќи се конкретно на сортите лимони, репортерот препорача да се додаде слатката, цитрусна мешавина во топла или газирана вода, тврдејќи дека помага да се избегнат настинките и да се олесни заморот.
Лимоните и другите цитрусни овошја се промовираат за нивните придобивки благодарение на тоа што се преполни со витамин Ц. Според Livestrong, овој додаток може да дејствува како природен антиоксиданс кој го зајакнува имунолошкиот систем и има антивирусни и антибактериски својства.
Џемот од малини е добро познат лек за настинка во Русија. Често се меша со црн чај за да се ослободи од болки во грлото. За ефикасноста на овој рецепт се расправаше, но некои тврдат дека делува поради антиинфламаторните својства на малините, пишува Understand Russia.
Друго објаснување е дека шеќерот, како форма на гликоза, има благотворно дејство, што значи дека го покрива грлото и го ублажува воспалението и црвенилото, според Drugs.com.
