Традиционален појадок за целото семејство.
Состојки:
– 200 мл јогурт
– 2 јајца
– 380 гр брашно
– 2 лажици масло
- 1 прашок за пециво
- малку сол
Подготовка:
Месете го тестото и оставете го 15 до 20 минути. Потоа префрлете го на работната површина и измешајте го само малку, само да не се залепи.
И одозгора се побрашува, се расукува, се сече на коцки и се пржи на масло.
Ставете го на салфетка или крпа за да се исцеди вишокот маснотии.
Послужете топло.