Не постои побрз рецепт за да се задоволи желбата за слатки.
Сите го знаат тоа чувство кога се враќаме од работа, правиме кафе и наеднаш копнееме за нешто слатко. За жал, во тој момент немаме ниту волја ниту желба да правиме десерти, а веројатно немаме ниту половина од состојките во кујната.
За тие моменти имаме решение додека да трепнеш. Ова е најбрзиот рецепт за еспресо со пралини, пишува Нови лист. Овој топол и сладок напиток е мешавина од топло чоколадо и кафе. За да го направите потребни ви се само две состојки.
Состојки:
– Пралина по избор
– Еспресо или друг вид кафе
Подготовка:
Подготовката не може да биде поедноставна. Се што треба да направите е да ја додадете избраната пралина во шолјата и да ја прелиете со врело кафе. Сè убаво измешајте и уживајте во чоколадниот напиток со кафе.