Вкусен намаз кој брзо се подготвува.
Состојки:
(за 4 лица)
– 150 гр путер
– 2 лименки сардина во растително масло
– 1 кафена лажичка копар
– 50 гр кисели краставички
– 50 гр исечкан кромид
– 1/2 лажичка бибер
– 1 чешне лук
Подготовка:
Измешајте го путерот на собна температура додека не стане пенесто, додадете измиен, исечкан копар, бибер, црн и издробен лук.
Сардините исцедете ги од маслото, исчистете ги од коските и додајте ги во путерот, како и ренданите кисели краставички. Сè добро измешајте и изладете малку.
Намазот послужете го со тост леб.
Пријатно!