За следен началник на тајната разузнавачка служба, инаку позната како МИ6, е именуван Ричард Мур.
Мур во моментов е на позицијата политички директор во британскиот Форин Офис, а беше и амбасадор на Велика Британија во Анкара во периодот од јануари 2014 до декември 2017 година.
Тој ќе ја преземе функцијата началник на МИ6 наесен, а го наследува Сер Алекс Јунгел, кој е на функцијата скоро шест години.
Поранешниот МИ6 началник го пофалил Мур како „одличен избор“ и „мирен, ангажиран, внимателен и храбар“.
Инаку, МИ6 е тајна служба на Велика Британија која се занимава со детектирање надворешни закани по Велика Британија и собира разузнавачки информации надвор од земјата.
Се вели дека нивните три основни цели се запирање на тероризмот, нарушување во активноста на непријателските држави и давање сајбер предност на Велика Британија.
Оваа разузнавачка агенција е одговорна за заштита на Велика Британија, нејзините граѓани и интереси дома и во странство, како и против закани за националната безбедност.
Имено, ТВ21 неодамна направи интервју со, сега веќе, првиот човек на Тајната разузнавачка служба г-дин Ричард Мур.
