Ричи Блекмур ќе засвири со Дип Парпл за првпат по 33 години!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Легендарниот гитарист Ричи Блекмур повторно ќе се качи на сцената со „Дип Парпл“, за првпат по 1993 година. Тој вечерва ќе им се придружи на бендот на концертот во Џонс Бич Театарот во Њујорк, како дел од бисот.

81-годишниот Блекмур претходно го контактирал пејачот Ијан Гилан, кој ја прифатил идејата и добил согласност од останатите членови на бендот.

Иако се очекува да изведе само една песна, неговото враќање на сцената со „Дип Парпл“ се најавува како историски момент за љубителите на рок-музиката.

Блекмур дури ги подготвил својата „Фендер Стратокастер“ гитара и засилувач за настапот, кој доаѓа по повеќе од три децении од неговото последно свирење со бендот.