Ријана го потврди „Севиџ екс Фенти в. 3“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Модната ревија на Ријана и нејзиниот бренд „Севиџ екс Фенти“ (Savage X Fenty), како посебна емисија ќе се емитува на 24 септември оваа 2021 година, на платформата „Амазон прајм видео“. Познатата пејачка и дизајнерка го потврди тоа на својот интернет-простор.

Ова е трета модна ревија на споменатиот бренд за облека, а најавено е дека ќе учествуваат бројни модели, глумци, пејачи и други познати личности.

Подробности сѐ уште не се откриваат. Првиот настан на Ријана – „Севиџ екс Фенти в. 1“ се случи 2019 година.

Второто шоу беше претставено лани, а некои од гостите-изведувачи беа Тревис Скот, Розалија и Лизо… Ријана е наведена како извршен продуцент и креативен директор и на третиот спектакл.

Марката содржи широк спектар големини на долна облека и секојдневна облека.