Министерот за спорт, Борко Ристовски во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше дека во минатото имало злоупотреба на ваучерите, и истите не биле делени по критериуми. Поради тоа, како што рече Ристовски има 11 обвиненија поради бесправно трошење на буџетските пари.
„Има обвиниение против 11 лица за непочитување на критеруми за спортските ваучери. Немаше контроли на ништо, се бараше од спортските субјекти да пишуваат извештаи каде ги потрошиле парите, и тие извештаи беа главно текст на напишан лист, без суштина“, рече Ристовски кој кажа како сега ќе се контролира трошењето на парите.
„Имавме контакти со сите федерации, клубови. Ќе вршиме контроли од страна на инспектори од министерството за спорт, и финансиската полиција, за да нема простор за злоупотреби“, посочи Ристовски.