Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до крајот на месецов или почетокот на следниот месец ќе ги соопшти новите цени за пренос и дистрибуција на електричната енергија.
Претседателот Марко Бислимоски истакна дека не очекува било какви поместувања во овој дел.
Како што вели, компанијата МЕПСО побарала минимално зголемување.
„МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не побара зголемување, а Електродистрибуција нема наведено во своето барање имајќи предвид дека во текот на овој месец ќе има тендер за набавка на загубите на електрична енергија коишто имаат исклучително големо влијание врз цената на електричната енергија така што кон крајот на овој месец или почетокот на следниот ќе ги знаеме цените што ги определува РКЕ, а тоа се пренос и дистрибуија на електричната енергија и тука не верувам дека ќе има било какви поместувања“, вели Бислимовски.
Тој додава дека по завршување на тендерот за универзалниот снабдувач согласно новиот Закон за енергетика, ЕВН Хоум ќе ја соопшти новата цена за домаќинствата и за малите потрошувачи.
