Ројтерс: Пропадна состанокот Трамп – Путин во Будимпешта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според сите извештаи, најавениот состанок Трамп-Путин, кој требаше да се одржи во Будимпешта следната недела, пропадна. Барем кога станува збор за блиска иднина.

Имено, висок функционер на Белата куќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин немаат планови за средба „во блиска иднина“, пренесува Ројтерс.

Оваа изјава доаѓа само неколку дена откако Трамп предложи нов самит со рускиот лидер.

Дописникот за „Аксиос“, Барак Равид на X, ги објавува истите информации.

Како што пренесува Равид, наводно официјален претставник на Белата куќа изјавил:

„Во моментов нема планови претседателот Трамп да се сретне со претседателот Путин. Рубио и Лавров имаа продуктивен телефонски разговор. Затоа, не е потребна дополнителна лична средба меѓу државниот секретар на САД и рускиот министер за надворешни работи.“