Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ја заврши војната во Украина, со писмено ветување од западните лидери дека ќе го спречат ширењето на НАТО кон исток, како и со укинување на некои санкции против Русија, јавува британската агенција Ројтерс, повикувајќи се на три анонимни извори запознаени со преговорите.
„Путин е подготвен да склучи мир, но не по секоја цена“, изјави висок руски извор запознаен со позицијата на највисоко ниво во Кремљ, кој разговараше со Ројтерс под услов да остане анонимен.
Три руски извори изјавија за агенцијата дека Путин сака „писмена“ обврска од големите западни сили да не го прошируваат НАТО алијансата кон исток, што всушност значи формално исклучување на членството на Украина, Грузија и Молдавија и другите поранешни советски републики.
