Евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека Европската Унија е силно посветена на почетокот на преговорите со Северна Македонија, но дека обврските преземени во 2022 година, вклучително и уставните измени, мора да бидат исполнети.
Повикувајќи се на пораките од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Рокас изрази надеж дека во наредниот период ќе има конструктивен пристап во односите со соседите и напредок во евроинтегративниот процес.
Изјавата ја даде на маргините на 23. Конференција на КОСАП во Скопје, каде нагласи дека регионалната соработка и подготовките за интеграција во заедничкиот европски пазар остануваат клучни приоритети за земјите од Западен Балкан.
