Рома против Севиља во финалето во Лигата на Европа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екипите на Рома и на Севиља ќе се борат за пехарот во Лигата на Европа во финалето кое ќе се игра во Будимпешта на 31. мај.

Рома одигра 0-0 на гостувањето во Леверкузен, и благодарение на победата во Рим од првиот меч со 1-0, „волчицата“ предводена од Жозе Мурињо се пласираа во финалето.

Таму ќе игра против тимот на Севиља, кој во продолжението го совлада Јувентус со 2-1 на домашен терен, и со вкупни 3-2 замина во финалниот меч.

По торинските 1-1, и во Севиља беше истиот резултат, но во продолжението Севиља успеа да стигне до нов гол и да го добие мечот со 2-1.