Роналдо потпишува за најбогатиот клуб во светот?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

МАНЧЕСТЕР Јунајтед соопшти дека го раскинал договорот со Кристијано Роналдо. Прекинот на соработката се случи откако Португалецот одби да влезе во игра против Тотенхем, а потоа жестоко го критикуваше клубот во интервју за Пирс Морган.

Марка, мадридски весник кој има одлични односи со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш, тврди дека Роналдо избира меѓу два клуба – англиски Њукасл и саудиски Ал Наср.

И двата клуба се во сопственост на инвестициски фонд од Саудиска Арабија на чело со принцот Мохамед Бин Салман. Роналдо неодамна потврди дека минатото лето имал понуда од Саудиска Арабија.

„Да, точно е дека пред неколку месеци добив понуда од Саудиска Арабија според која би добил 350 милиони евра за само две сезони. И тоа не беше единствената понуда што ја имав, но новинарите не престануваат да објавуваат ѓубре, дека никој не ме сака, што е голема лага. Ми беше тешко, многу тешко да одбијам такво нешто, но го направив тоа бидејќи бев многу среќен во Манчестер Јунајтед“.

Претходно, 37-годишниот Роналдо беше поврзуван со Интер Мајами, МЛС клубот во сопственост на Дејвид Бекам. Роналдо минатата година се врати во Јунајтед, но по разочарувачката минатата сезона летово побара трансфер. Тој остана во клубот, но само неколку месеци подоцна Јунајтед го раскина неговиот договор, па сега е слободен играч.