Роналдо пред СП на Инстаграм: Покажавме што можеме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кристијано Роналдо ќе се обиде во Катар на Мундијалот да ги натера медиумите да пишуваат за него во позитивно светло, откако последниве денови минува низ нив во негативно светло поради интервјуто кое неодамна го даде за Пирс Морган.

Во него го оцрни Манчестер Јунајтед, истакна дека не го почитува тренерот Ерик тен Хаг и го натера клубот од Олд Трафорд да реагира. Јунајтед покрена „соодветни чекори“ кои островските медиуми ги толкуваат како обид за легален раскин на договорот со Роналдо.

Роналдо своите мисли ги насочи кон репрезентацијата и успехот со неа. На Инстаграм накратко го коментираше натпреварот кој вчера Португалија го одигра против Нигерија и победи со 4:0. Неговата објава за еден час собра повеќе од три милиони реакции од неговите следбеници.

„Вчера во Алвалде имавме голем тест на силите, а нашите момци покажаа какви се. Тоа беше очигледна демонстрација на талент и можности, а тоа е уште една причина да ги земеме соништата на светот со нас. Каде и да сме, Португалија Секогаш“, напиша тој е Роналдо.