РСЕ: САД даваат зелено светло за вооружување на Косово во вредност од 14 милиони долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот Стејт департмент го известил американскиот Конгрес за предложена дозвола за извоз на одбранбени артикли, технички податоци и одбранбени услуги за Косово, во вредност од 14 милиони долари или повеќе, потврдиле за Радио Слободна Европа неколку извори од Конгресот.

Известувањето било испратено од Бирото за законодавни прашања при американскиот Стејт департмент, во согласност со членот 36(ц) од Законот за контрола на извозот на оружје.

Според документот, известувањето го носи бројот DDTC 26–017 и било доставено до Комитетот за надворешни односи на Сенатот.

Членот 36(ц) предвидува американската администрација да го извести Конгресот за одредени предложени продажби или дозволи за одбранбени артикли и услуги за странски држави.

Во документот на Конгресот не се наведени јавни детали за видот на опремата или услугите опфатени со оваа лиценца.