Рубио веројатно нема да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот државен секретар Марко Рубио веројатно нема да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО на 3 декември во Брисел, што претставува невообичаено отсуство за највисокиот американски дипломат од клучниот трансатлантски собир, дознава Ројтерс од два американски извори.

Заменик-државниот секретар Кристофер Ландау ќе ги претставува Соединетите Држави, изјави еден од функционерите, кој инсистираше на анонимност.

Причините зошто Рубио планира да го прескокне состанокот не се јасни, а неговите одлуки би можеле да се променат во последен момент.