Тројца рудари загинаа денеска по пад на карпа во рудник на рускиот полуостров Камчатка, изјави Сергеј Лебедев, министер за вонредни состојби на областа.
„Пристигнати се информации дека дошло до пад на карпа врз тројца рудари на рудникот Бистринскаја. Спасувачка екипа со опрема излезе на местото на инцидентот поради увид“, рече Лебедев.
Тој додаде дека телата се пронајдени и во тек е нивното извлекување.
Фото: Архива
