Румен Радев го доби мандатот за состав на новата Влада – ќе има 4 вицепремиери и 18 министри

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По спроведените консултации со парламентарните групи во 52-то Народно собрание Јулијана Јотова го врачи мандатот за составување влада на Румен Радев.

Радев го прими мандатот и веднаш го врати исполнет со имињата на новите министри, истакнувајќи дека граѓаните со изборите ставиле крај на политичката криза.

Тој нагласи дека се презема голема одговорност за стабилни институции и управување.

Новата влада ќе има четири вицепремиери и 18 министри, со едно министерство помалку.

Според него, целта е поефикасна работа на владата, поддршка за бизнисот и забрзана дигитализација на Бугарија