Во руралните средини недостигаат матични лекари. Од планирани 96 амбуланти со рурални матични лекари, функционални се само 44, а празни 52, односно над 50 отсто, што е аларм за итни мерки. Од ФЗОМ, најавија промена на правилата и можност за поголемо финансирање за да се привлечат млади доктори кои би работеле надвор од градовите.
„И во таа насока сакаме да го измениме правилникот кој ја регулира оваа работа, да обезбедиме натамашна либерализација на условите за рурални матични доктори и да видиме кои се тие пречки што ги оневозможуваат младите доктори да започнаат да работат како рурални матични лекари.“, вели Клековски.
Според Клековски, решението ќе се бара преку консултативен процес, односно сите кои се заинтересирани, но и постојните матични лекари до 01.ноември 2025 година на и меил адреста [email protected] да ги достават своите предлози како да се реши проблемот. Според првиот човек на ФЗО, освен проблемот со руралните матични лекари, голем недостаток има и кај матичните лекари во неруралните места.
„Многу набрзо ќе мора да размислуваме не само за руралните матични лекари, туку и за малите места кои не се дефинирани како рурални. Еве, во Ресен само три матични лекари останати. Демографската, возрастната структура на матичните лекари е исклучително лоша и за 10 до 15 години ќе имаме сериозна криза во покриеноста.“, рече Клековски.
Затоа Клековски смета дека сега мора да се преземат сериозни мерки за Македонија да не се најде во ситуација на 30 – 40 километри да нема доктор достапен за населението.