Русија и Украина разменија 50 затвореници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

РУСИЈА и Украина ја спроведоа последната од серијата размена на воени заробеници, при што двете страни предале 50 лица, потврдија официјални лица во Киев и Москва, пренесува Ројтерс. Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина ослободила 50 руски војници кои биле заробени.

Андриј Јермак, шефот на администрацијата на украинскиот претседател, на Телеграм изјави дека Украина примила 48 војници и двајца офицери, меѓу кои маринци, пешадија, граничари и припадници на територијалната одбрана.

Денис Пушилин, шеф на рускиот дел од украинската област Доњецк, кој е под контрола на Москва, претходно изјави дека во тек е размена на затвореници со Киев, во која учествуваат по 50 затвореници од секоја страна. Од почетокот на конфликтот во Украина во февруари, Киев и Москва размениле повеќе од 1.000 воени заробеници.