Русија во сабота најави протерување на повеќе од 20 германски дипломати откако „масовно“ ги отстранија службениците од руската Амбасада во Германија и го обвини Берлин за уништување на врските.
Портпаролката на министерството за надворешни работи, Марија Захарова кажа дека повеќе од 20 дипломати од Германија мораат да заминат.
Германското министерство за надворешни работи соопшти дека ги примиле пораките од Русија.
„Сојуната влада и руската страна минатите недели беа во контакт околу кадровски решенија во своите претставништва во странство“, изјавија од германското МНР.
