Русија не ги прифаќа тврдењата дека е виновна за соборување на малезискиот патнички авион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва не ги прифаќа, како што изјави, пристрасните заклучоци на Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) дека Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година.

„Нашиот став е добро познат. Знаете дека Русија не беше земја што учествуваше во истрагата за овој инцидент. Затоа, не прифаќаме никакви пристрасни заклучоци“, изјави Песков за новинарите, објави РИА Новости.

Русија отсекогаш негираше каква било вмешаност во соборувањето на авионот, тврдејќи дека ракетата што го соборила авионот била лансирана од територија контролирана од Киев.

Малезискиот „Боинг МХ17“, кој леташе од Амстердам до Куала Лумпур, се урна на 17 јули 2014 година во близина на Донецк. Во авионот имало 298 луѓе и сите загинале. 

Киев веднаш ја обвини полицијата на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) за соборувањето на авионот. Во исто време, Украина одби да достави податоци од своите радари, а САД одбија да ги предадат сателитските снимки на истрагата, за кои тврдат дека го покажуваат моментот кога е лансирана ракетата.