Русија протера двајца германски дипломати како одговор на протерувањето на двајца руски дипломати од Германија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Германскиот амбасадор во Москва Геза Андреас фон Геир е повикан на разговор во руското Министерство за надворешни работи поради протерувањето на руските дипломати од Германија, јавија локалните медиуми.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно изјави дека Берлин прогласил двајца вработени во руската Амбасада за персона нон грата поради случајот со убиството на грузискиот државјанин Зелимкан Кангошвили.
