Русија протера македонски дипломат од Москва

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како одговор за протерувањето на руски дипломат од земјава, Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва за персона нон грата.

„Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадор на Македонија во Руската Федерација, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што и беше врачена нота, со која се прогласува за персона нон-грата вработен во Амбасадата на Македонија во Москва“, стои во соопштението на Министерството.

Од таму појаснуваат дека ваквата мерка е одговор на немотивираната одлука на Северна Македонија да прогласи руски дипломат за персона нон грата.

Министерството за надворешни работи на Македонија протера руски дипломат на крајот на мај. По ваквиот потег на Македонија, руската дипломатска мисија во Скопје објави дека Москва размислува за контрамерки.