Претходно утрово украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше обраќање во кое го осуди рускиот ракетен напад што го погоди споменикот на Холокаустот во главниот град Киев – нешто што тој го опиша како „надвор од човештвото“.
Споменикот Бабин Јар го одбележува масакрот на повеќе од 33.000 Евреи од нацистичките трупи во Киев за време на Втората светска војна.
„Ваквиот ракетен напад покажува дека за многу луѓе во Русија нашиот Киев е целосно туѓ. Тие не знаат ништо за нашиот главен град. За нашата историја. Имаат наредба да ни ја избришат историјата, да ја избришат нашата земја, да не избришат сите нас.“, рече Зеленски.
Зеленски утрово разговараше и со премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон – тој му се заблагодари на Џонсон што се погрижи одбранбената помош да стигне до Украина и рече дека тоа било од витално значење за задржувањето на руските сили, според британското читање од повикот.
Двајцата лидери се согласија дека е неопходно санкциите да продолжат понатаму за да се изврши максимален притисок врз Владимир Путин.
Џонсон ги осуди руските напади и рече дека неговите мисли и молитви се со украинскиот народ.
